Како на филм: Банкар украл 21 милион долари и лажирал смрт – го фатија случајно


Обри Ли Прајс (47), американски банкар кого ФБИ го барале поради финансиска измама вредна 21 милион долари е уапсен вчера, иако во 2012 година наводно извршил самоубиство.

Телото на Прајс никогаш не било пронајдено, а минатата година пред судот на Флорида тој и официјално бил прогласен мртов.

obri-li-prajs-01Сообраќајната полиција го застанала Прајс на пат поради ситен прекршок – прозорците на автомобилот не му биле чисти – но лажните податоци кои им ги дал на сообраќајците направиле тие да се посомневаат во него. Набргу било потврдено дека станува збор за човек по кого трага ФБИ, и покрај судската одлука според која е прогласен за мртов. За него била понудена и награда од 20.000 долари.

Прајс бил познат како финансиер кој финансира и гради цркви во Јужна Америка, а истовремено се бавел и со мисионерска работа во овој регион, со добри врски во Џорџија и на Флорида.

Во 2011 година станал директор на Монтгомери банката, при што компанијата чиј сопственик бил се споила со банката и го добила контролниот пакет на акции. Меѓутоа, наместо да го инвестира капиталот на банката како што било предвидено, Прајс, како што тврди обвинителството, се послужил со банката да ги прикрие трансферите и инвестициите со кои парите ги повлекол и присвоил за себе.

Во Венецуела на 18 јуни 2012 година оставил писмо од 22 страни, упатено до пријателите и познаниците. Во писмото, кое било насловено како „Доверливо признание на властите“, тој признал дека во трансакциите изгубил огромна сума на пари и најавил дека планира да се убие така што ќе скокне од траект.

Последен пат бил виден како се качува на брод во Ки Вест, Флорида, на 16 јуни 2012, а камерата за надзор на која е снимен беше поставена на Јутјуб. Монтгомери банката и неговиот труст пропаднаа во јули 2012, помалку од еден месец пред тој да исчезне.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1