Момчињата кои го претепаа возачот на Брза помош проговорија за инцидентот


Возачот излезе од комбито и посегна по метална шипка.Тогаш го нападнавме, раскажуваат момчињата кои се соомничени дека го нападнале возачот на Брзата помош во Кисела Вода.

soobrakajka - brza pomos-Еден другар беше повреден. Поминуваше Брза Помош и ние се обидовме да ја запреме. Но таа не одмина. Еден другар замавна кон возилото. Во тој момент возачот застана. Излезе од комбито и посегна по метална шипка. Тогаш го нападнавме.

Вака еден од малолетниците ја почнал својата приказна во полициска станица откако МВР успеа да ги пронајде петмината малолетници кои на новогодишната ноќ го претепаа 52 годишниот возач на Брзата помош во скопска Кисела Вода, дознава Press24 од доверливи полициски извори.

Според информации на порталот, покрај петмината малолетници во полициска станица ќе биде повикан и возачот.

Во баналната расправија тој заработи сериозни повреди поради кои мораше да замине на операција на скопска Трауматологија.

Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1