Почина актерката од „Однесено со виорот“ Алиша Рет


Најстарата члeнка на актерската екипа на филмот „Однесено со виорот“ Алиша Рет, почина во Јужа Каролина, на 98-годишна возраст.

alisaВо познатиот филм со Вивијен Ли и Кларк Гебл, таа го играше ликот на Индија Виклс.

Портпаролот на домот за стари лица во Чарлстон, каде таа живееше од 2002 година, соопшти дека актерката починала вчера попладне.

Алиша Рет е родена на 1 февруари 1915 година во Савана, а била и добар портретист и ги скицирала своите колеги на сетот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1