Џенифер килограмите ги губела со стручна лекарска помош. Охрабрувачките зборови и биле голема поддршка и мотивација. Никој не и забранил да јаде слатки и сланина. Единствениот совет и бил да ги намали порциите.
dieta
„Не бев во можност да направам ниту 10 чекори. Тоа ме дотолчи. Тежината потполно ме опседна, постојано морав да одмарам. Килограмите почнаа да ми пречат за да живеам нормално. Имав висок притисок, холестерол, дијабетес. Станав имуна на инсулин, ниту големи дози не ми помагаа. Потоа докторката ме искритикува, а јас почнав да плачам. Бев понижена, а пред се лута за тоа што си го правам самата на себе“, раскажува Џенифер.
Со лекарска помош почнала да слабее. Не се откажувала од омилените специјалитети, а психијатарот со кој била на консултации и објаснил дека храната не и е непријател што треба да го уништи.

„Што се однесува до мене јас не бев на диета, само го сменив начинот на кој ја гледам храната. Водев дневник и почнав да препознавам која храна ќе направи да се чувствувам добро, а која лошо. Знаев дека не смеам да претерувам бидејќи на тој начин се повредувам“, вели девојката која на прагот од четвртата деценија прв пат почнала да вежба.

Почнала да трча, прво рекреативно, а потоа и на сериозни тренинзи. Физичкиот напор станал задоволство за неа.
После физичката преобразба таа повторно нашла работа. Среќна е и задоволна, но се уште е на диета. Води сметка и планира да намали уште десет килограми.