Како Путин од сиромашен граѓанин, стана светски лидер


Владимир Владимировиќ Путин е роден на 7 октомври 1952 година во Ленинград. Тој бил единствено дете на одликуван воен ветеран и работничка во фабрика, кои живееле во сиромашно предградие на Ленинград.

Денес, рускиот претседател е можеби и највлијателната личнот во светот, обожуван во Русија, па и ширум светот и е ноќна мора на западот. Неговата животна приказна многу малку е позната, а е премногу инспиративна за да не биде раскажана.Од најниските слоеви на Русија, тој денес е лидер на една од најмоќните држави во светот.

Биснис инсајдер направи една ретроспектива на неговиот живот:putin11

Роден е како Владимир Владимировиќ Путин, на 7 окотмври 1952 во сиромашно семејство на одликуван воен ветеран и работничка во фабрика. Неговото семејство живеело во мал дом, во сиромашно предградие на Ленинград, а куќата ја делеле со уште две други семејства.

Во тинејџерските денови, Путин работел во училишната радио станица, каде што постојано пуштал музика од “Битолси” и од останатите западни рок бендови. Но и покрај пасијата кон рок музиката, негови најдраги песни биле советските, затоа што тој отсекогаш бил длабоко конзервативен.

Уште од најрана возраст Путин го покажал својот талент во џудото, а бил и училишен првак во 1974 година.putin mlad

-За разлика од шахот, џудо борецот не треба да го чека потегот на противникот. Неговата стратегија е да чека, се додека не се укаже прилика за само еден удар, по кој секогаш следи еден чекор наназад. Успешните џудо борци мора да ја предвидуваат акцијата на своите противници, брзо да реагираат и да се обидат истата да ја оневозможат, коментираат експертите, кои неговата пасија кон тој спорт ја поистоверуваат со неговата стратегија во надворешната политика.

Путин од страна на КГБ бил испратен во Дрезден, каде што живеел под името „господин Адамов”. Тој уживал поминувајќи го времето со Германците, од кои што се воодушевувал, поради нивната дисциплина. За својата служба во КГБ, Путин бил одликуван со бронзен медал.putin57

По падот на Берлинскиот ѕид, Путин се вратил во Русија, каде што се вработил кај првиот демократски градоначалник на Ленинград, воедно и негов професор по право, Анатолиј Собчак.  За време на својот престој кај градоначалникот, Путин го добил прекарот „сивиот кардинал”, односно бил незаменлив за својот некогашен професор. Сепак, кога Собчак изгубил на изборите, Путин одбил да работи за неговиот наследник.

Семејството на Путин набрзо потоа се преселило во Москва, каде што тој за кратко време успеал да се искачи на врвот на ФСБ, наследникот на КГБ. Во 1998 година Борис Јељцин го именувал Путин за претседател на ФСБ, а тоа е работа која претседателот ја давал на луѓе во кои што има најголема доверба.putin kjerki

Имено, интересно е што Путин не е премногу голем љубител на Москва, која ја смета за „преевропски” град. И покрај се поголемиот обем на работа, во 1997 година тој успеал да докторира економија на Универзитетот во Санкт Петербург.

Во 1999 година, Путин бил именуван за премиер на Русија од страна на Јељцин, а неговата популарност тогаш изнесувала само 2% затоа што Јељцин за помалку од две години, променил пет премиери.

Во текот на истата година, Јељцин неочекувано се откажал од претседателската функција, а каков негов наследник бил прогласен Владимир Путин. Многумина веруваат дека Јељцин го исфрлил Путин на површина за да се заштити себе си, затоа што војната во Чеченија ја доживувала својата кулминација, а неговата поддршка се намалувала.marija-putin

Една од првите одлуки на Путин како претседател била и онаа за доделување имунитет за Јељцин од криминални и административни истраги. Восвојот првиот претседателски говор, Путин ветил слобода на говорот, слобода на совеста и право на приватна сопственост. Во својот прв мандат тој се посветил на домашните проблеми: војната во Чеченија и олигарсите кои останале по Јељцин, кои што го ширеле своето политичко влијание. Со овие луѓе Путин направил договор – нема да им се меша во нивните бизниси, се додека тие не се мешаат во политиката и не го критикуваат него како претседател.

Во 2002 година, театарот во Москва бил заземен од страна на 40 чеченски милитанти и во текот на тридневната опсада, биле убиени 129 од 912 заложници.  Тоа бил и одлучувачкиот момент со Путин, кога неговото немилосрдно решавање на опсадата и одбивањето на преговорите со киднаперите го направиле неверојатно популарен, добивајќи 83% од поддршката на Русите.

Во 2004 година Владимир Путин повторно бил избран за руски претседател, а во новиот мандат тој исто така продолжил да се ангажира околу домашните проблеми. Во текот на неговите два мандати, руското господарство пораснало со неверојатна брзина. Рускиот БДП пораснал од 70 на 125%, ослонувајќи се на нафтата.vladimir-putin-1405623145-536649

Во 2008 година Димитриј Медведев бил именуван за нов руски претседател, а тој само еден ден подоцна го именувал Путин за премиер. Сепак, дошол период во кој што Русија запаѓала во огромна финансиска криза. Руската економија во голема мера зависела од западните вложувања, па уште еднаш се покажало колку нафтата и гасот се важни за руското господарство.

Во 2012 година Путин го освоил својот трет претседателски мандат со 63,6% од гласовите. Секако, околу овие избори се појавиле и голем број на контроверзии, доведувајќи го неговиот трет мандат во прашање, а критичарите веруваат дека станувало збор за фалсификувани избори.

Во март годинава Путин во Крим спроведе еден од најкомплицираните и најконтроверзни геополитички потези во историјата. Украинскиот премиер Виктор Јануковиќ му испратил писмо на Путин во кое што побарал да ја искористи руската војска за повторно да воведе закон и ред во Украина.

Рускиот парламент му го одобрил користењето на воените сили, а на 2 март Русија ја презеде целосната контрола над Крим. Само 14 дена подоцна, поголемиот дел од Украинците изгласале отцепување на Крим од Украина и негово припојување кон Русија.
Во изминатиот период Путин интензивно бара начини за подобрување на односите со Кина, пред се затоа што на Русија и се потребни нови трговски партнери поради западните санкции.

Форбос го прогласи Путин за најмоќна личност во светот 2014 година.tajm-putin-1364831292-289985

Кога Путин бил заменик градоначалник на Санкт Петербург, луѓето го нарекувале “шеф”, меѓутоа денес за многумина тој е ”цар”.

Денес кога светот е на праг на нова Студена војна, никој не може да го предвиди следниот потег на Путин… па, можеби навистина експертите се во право, неговата стратегија навистина наликува на борба во џудо.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1