Како службите знаеле за движењето на Јанакиевски а немале никакво инфо за Груевски?


По информациите за тоа како Груевски ја напуштил државата, јавноста прашува како службите немале никакво инфо за движењето на Груевски, ниту информации дека планира бегство.

Ова прашање повеќе се замрсува денеска откако службите информира дека Јанакиевски е во притвор бидејќи планирал бегство исто како Груевски. Останува неодговорено едно прашањето како МВР не знаело за движењето на екс премиерот додека биле употребени посебни мерки за да се следи движењето на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во кои стои дека тој подготвувал бегство и кои како доказ биле прифатени од судот да определи мерка притвор.

Во истата стои дека обвинетиот Јанакиески преку посредник барал да биде амнестиран од Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, за што веднаш од претседателскиот кабинет беше испратен демант

Од кабинетот на Иванов предупредуваат дека станува збор за конструкција на лаги врз основа на претпоставки со цел да се инволвира Претседателот на Република Македонија, видливо од јавно објавеното образложение на решението на Судот. Посочувајќи дека ниту била побарана ниту пак остварена средба со каков било посредник за да издејствува амнестија во име на Јанакиески.

Јанакиески истакна дека е во притвор врз база на фингирана белешка од МВР и додаде “кога не може по магарето, удри по самарот”.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1