Како Вашиот компјутер да работи побрзо? (Видео)


Многу луѓе веруваат дека преинсталирањето или надградбата на нивниот персонален или преносен компјутер е единствениот начин за зголемување на неговата брзина, меѓутоа Факултети.мк нуди неколку начини сами да ја подобрите неговата брзина.

1. Избришете ги програмите кои не ги користите

spor kompjuterНовите компјутери доаѓаат со програми кои никогаш нема да ги искористите, и веројатно не знаете дека воопшто постојат.

Некои програми дури и се приклучени во позадина, дури и ако не ги користите. За да ги избришете потребно е да одите во „Control Panel“ и „Programs and Features“ каде што ви е понудена листа на инсталирани програми. Бидете внимателни да не избришете нешто што е важно за компјутерот.

Доколку не сте сигурни за тоа кои програми ги користите, а кои не, обидете се да ја симните програмата PC Decrapifier која ќе ви покаже кои програми не ви требаат.

2. Автоматски избришете ги привремените датотеки (temporary files)

desesperadoОвие привремени датотеки се натрупуваат на вашиот компјутер преку секојдневнтие задачи и остануваат на вашиот хард диск, со што го забавуваат компјутерот. Преку нивното бришење, вклучувајќи ја и вашата интернет историја и cookies, ќе ви се ослободи голем простор на вашиот хард диск и со тоа ќе се забрза вашиот компјутер.

За да го направите ова, отверете „My computer“, и изберете го вашиот локален диск (вообичаено C:\). Изберете го фолдерот „Windows“ и отворете го фолдерот „Temp“.

Со десното копче од маусот кликнете „View“, изберете „Details“. Откако ќе го направите ова, селектирајте ги сите датотеки постари од тековните датуми и притиснете го копчето „Delete“. Потоа одете во „Recycle Bin“ на вашиот десктоп и испразнете го

3. Повеќе простор на хард дискот

Дури и кога постојано ги бришете вашите привремени датотеки, доколку вашиот хард диск станува 85% полн, ова ќе влијае врз брзината на компјутерот. Доколку постојано симнувате филмови и серии, тогаш ќе ви биде потребен поголем хард диск. Ви нудиме добро видео кое покажува како да инсталирате нов хард диск.

4. Спречете непотребни стартапови

computer downОвој метод ќе влијае врз тоа колку долго му е потребно на вашиот компјутер да се приклучи.

За да ги спречите непотребните стартапови притиснете „Start“ и потоа „Run“. Во „Run“ напишете „msconfig“ и притиснете enter. Ќе се појави „Startup“ прозорче со сите селектирани кои се појавуваат кога вашиот компјутер се приклучува. Можете да изберете кои програми сакате да се појавуваат, а кои не. Исто така имате опција да ги исклучите сите преку кликнување на „Disable All“.

5. Повеќе RAM меморија

RAM меморијата е привремената меморија за складирање која ја користи вашиот компјутер. Колку повеќе програми користите, толку повеќе ви е потребна RAM меморија, и толку повеќе ќе биде бавен вашиот компјутер доколку немате доволно.

Можете да додадете RAM со екстра стикче, или да купите сосема нова меморија. Нема ограничување за тоа колку RAM можете да имате за 64-bit систем, но 4 гигабајти се повеќе од доволно за повеќето луѓе.

Погледнете подолу како да инсталирате.

6. Disk defragment

Иако звучи комплицирано, ова е навистина лесно и е одличен начин за забрзување на вашиот компјутер. Одете во „My computer“, кликнете десен клик на маусот и изберете „Properties“. Под „Tools“ прозорчето, треба да има опција „Defragment Now“.

7. Чистење на дискот

computer_fire_397x224„Disk Cleanup“ пребарува низ системот за непотребни големи датотеки како што се привремени интернет датотеки, инсталации за програми итн.

Притиснете „Start > All Programs > Accessories > System Tools > Disk Cleanup”.

8. Овозможете му на вашиот компјутер статична IP адреса

Друг трик за забрзување на компјутерот е на вашиот компјутер да му дадете статична IP адреса која никогаш не се менува.

За да го направите тоа, ви нудиме навистина добро видео.

9. Бришење на прашината од компјутерот

Прашината во вашиот компјутер е негов најголем непријател. Може да го спречи протокот на воздух, кој е од витално значење за одржување на температурата на вашиот компјутер, така што ако се загрее веројатно ќе се намали неговата ефикасност и ќе биде побавен.
Ова видео нуди добар начин за тоа како да се ослободите од прашината.

Факултети.мк
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1