Како ве шпионира вашиот сопствен паметен телефон


Апликација која беше развиена во лабораторија Kindsight покажа колку е лесно од паметен телефон да се направи паметен таен агент.

telefon spionВеќе е доволно напишано за апликациите кои неовластено ‘земаат’ податоци од вашиот паметен телефон. Сепак, една компанија се занимава со безбедноста од овие апликации кои ги инсталираме во нашите паметни телефони и предупредува дека токму тие апликации можат да се претворат во вистински шпиони.

Droid Whisper

Лабораториски задолжените лица за безбедност во компанијата направиле апликација за да докажат дека тоа функционира, па така успеале да ја следат локацијата на корисникот, пораките, да ги снимаат телефонските разговори и да ги преземаат сликите кои ги фотографираме.

Апликација која е именувана како DroidWhisper, може да се сокрие во било која апликација за Android и така скриена во позадина на паметниот телефон да си оперира.

По инсталацијата, DroidWhisper добива инструкции од примарниот сервер преку интернет или преку SMS порака. Сите податоци собрани од страна на жртвата DroidWhisper ги испраќа до главниот сервер каде што се собираат буквално сите податоци од сите смартфони.

“Паметните телефони се одлична платформа за напади во внатрешноста или напад врз државните мрежа”, рече шефот на лабораторијата објаснувајќи дека со користење на ваков уред лесно се станува мета на следење.

The Men

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1