Двајца затвореници во Канада побегнаа од затвор недалеку од Монтреал со грабнат хеликоптер, но подоцна се фатени, соопштија денеска претставници во Квебек.
Полицијата соопшти дека двајца мажи кои работат надвор од затворот Сен Жером во близина на Монтреал, украле хеликоптер и го принудиле пилотот да слета над покривот на затворот, каде чекале двајцата затвореници.
Хеликоптерот и пилотот се пронајдени подоцна, пилотот не е повреден, но е одведен во болница поради доживеаниот шок, наведе полицијата.
Полицијата на Квебек потоа ги притворила затворениците и нивните помагачи.
Затворот Сен Жером, на 60 километри северозападно од Монтреал, има околу 480 затвореници. Пред повеќе од еден месец дојде до бунт на десетина затвореници, а персоналот на затворот употреби бибер спреј да ги прекине немирите.