Синот на Црвенковски на распит? – МВР ја расчистува тепачката во Штип


Министерството за внатрешни работи ги идентификувало лицата кои во саботата во 3 часот утрината учествуваа во сериозен инцидент во кој едно лице беше повредено во штипската дискотека „Мистик“, пишува евести.

mistikk-600x360

Според информациите 22-годишно момне од Штип во полиција пријавило дека било нападното и претепано од страна на 26-годишниот М.Н., син на сопственикот на „Брилијант“, со кого биле уште неколку лица. Неофицијално од МВР потврдуваат дека таа вечер во дискотеката бил и синот на Бранко Црвенковски, но каква е неговата инволвираност во инцидентот се уште официјално не е познато.

Напаѓачите на момчето, покрај ударите со тупаници и клоци, во еден момент почнале да фрлаат со чаши и шишиња предизвикувајќи страв и несигурност кај присутните во дискотеката. Заедно со напаѓачите, според неофицијалните информации, биле уште две лица со прекар Пушка и Мартадела.

Полицијата сите вклучени во инцидентот ги повикала на разговор во полициска станица, по што веќе е утврдено како дошло до насилството.

Од МВР засега официјални информации и детали за случајот нема. Она што е познато е дека по целосното расчистување и документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Имено, за време на викендот се случиле уште два инциденти во Штип, во кои според пишувањето на медиумите како учесник во едниот и очевидец во другиот повторно се јавува името на Љупчо Црвенковски.

Извор – Е вести

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1