Се повлекува и млекото ,,Даноне,, и во него нашле Афлатоксин


danone_romania-564x272

Скандалот со млекото загадено со афлатоксини стигна и до Романија каде што познатиот производител „Даноне Романија“ најави дека ќе повлече превентивно од пазарот некои продукти, кои може да содржат траги од неисправното млеко.

Компанијата запре 75 тони млеко, откако анализите потврдија присуство на афлатоксин кај млекото од еден од доставувачите на фирмата.

logodanone.ai.pngНад 75 проценти од 59.6 тони производи, како што е киселото млеко, за кои постои сомневање дека содржат млеко загадено со афлатоксин се повлечени од продавниците во земјата, изјавија денеска од „Даноне Романија“, од каде најавија и дека до крајот на денот да го повлечат од пазарот целото сомнително количество млеко.

Според информациите на компанијата сомнителните производи во продавниците биле најмногу два дена.

„Данон“ има договори со 80 компании во Романија, од каде се снабдува со различни количини на млеко. Во моментов има 75 тони млеко во магацините, врз кое ќе бидат спроведени детални анализи.

Фактор

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1