Како води љубов маж кој е заљубен? – Знаци


Еве неколку знаци со кои можете да заклучите дека потполно е луд за вас.

1. Ве бакнува почесто и подолго

seksБакнежите за мажите се многу интимен процес. Затоа тоа е еден од првите знаци дека тој интензивно размислува за долгорочна врска и во иднината се гледа покрај вас. Ако ве бакнува почесто од порано, по целото тело и долго, сака да ви даде до знаење дека многу му се допаѓате и дека сте му важни.

2. Посветен е на сексот

Мажот кој само сака да ужива во сексот, но не и во врската, нема премногу да се труди околу предиграта и времето кое обично е потребно на жената да се возбуди навистина. Ако сте му важни, ќе се потруди до најмал детал да бидете задоволни со сексот и да почувствувате колку тоа му е важно.

3. Сака да ви угодува

Уште еден знак е тоа дека ќе ве испрашува што сакате во сексот и ќе слуша што зборувате. Мажите кои се во врска само поради забава немаат потреба детално да разговараат со партнерката за нејзините тајни желби ниту да се мазат после сексот.

seks-podmladuje-seks-podmladivanje-1348529643-2120424. Секогаш е внимателен и дарежлив

Внимателен е и дарежлив, не само првите неколку пати, туку повеќето време. Тоа е затоа што е заинтересиран и сака однос кој ја надминува зоната на сексот. Токму затоа се обидува да свати што ви е важно на вас, кои се вашите ерогени зони и кога се чувствувате најдобро со него.

5. Опуштен е и свој

Кога е опуштен и не се брза да замине после интимните моменти, тоа е солиден знак дека е заљубен или се заљубува од истата причина нема да се труди постојано да ве импресионира и да ви покажува колку е совршен во се.

6. Малите работи се важни

Ќе припази на атмосферата и ќе се потруди да создаде романтична околина за состанок. По малите детали како што е вечера со свеќи или нов парфем ќе забележите колку му е важно до врската и до вас. Исто така ќе ви каже како би сакал да се дружите со неговите пријатели или да заминете на кратко патување. Мажот кој сака афера и малку добра забава никогаш не би ве вклучил во својот живот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1