Кога автомобил седи на сонце на +40 речиси е невозможно да се влезе во него и да се вози дури и да имате клима.. додека климата повлече и почне да лади ќе се онесвестите а воланот нема да можете да го пипнете.
Еве како за само 10 секунди да го разладите автомобилот колку да можете да влезете во него, дури и ако немате клима уред.
Се што треба да направите:
– Спуштете го прозорот од страната на возачот и затворете ја вратата.
-С0возачката врата отворете ја и затворете ја неколку пати.
-Температурата во автомобилот проверено ќе се намали и за 10 степени.
Некои од наредните совети на многумина од вас може да ви помогнат:
– Ставете водени крпи на отворите за вентилација. Воздухот што ќе помине низ нив ќе има пониска температура.
– Знаеме дека законски не е дозволено но доколку ви се создаде прилика може да возите и боси. Огромна количина на телесна топлина се насобира во стапалата и ќе ви биде попријатно ако се соблечете.
– Ставете голема количина на мраз во пластичен сад за да не се топи по автомобилот. Овој трик бил карактеристичен во 50 години во Аризона.
– замрзнете вода во пластично шише и ставете ја во близина на вентилаторот – најдобро е доколку е на директен пат на струењето на воздухот но доколку неможете да ја поставите пред него тогаш барем во близина ( внимавајте како што ќе се топи ледот во шишето вие ќе добиете ладен воздух во автомобилот, но и малку вода)
– шише со замрзната вода во близина на поптирачите за рака или во близина на менувачот исто така ќе ви даде мало чуство на разладување.
– Планирајте патувања во поладните периоди од денот, ноќе или рано наутро. Исто така обидете се да ги избегнете гужвите бидејќи самото задржување во редот и бавното придвижување ќе ви ја покачат температурата заедно со притисокот.
– Ставете фолија за затемнување на стаклата или затемнете ги на друг начин.
– Купете мал вентилатор и закачете го на инструмент таблата.
– Кога паркирате отворете го прозорот но само малку за да струи воздухот во внатрешноста на возилото.