Каков пропуст на Луфтханза: Знаеле дека Лубиц боледува од тешка депресија и дека бил склон кон самоубиство


Копилотот на авионот на Џерманвингс Андреас Лубиц, кој минатата недела го урна ербасот А320 со 150 патници и членови на екипажот, ја информирал компанијата Луфтханза во 2009 година дека пати од „тежок депресивен период“, јавува германски Шпигел.avion_796532S1

Компанијата на обвинителите во Дизелдорф им испратила документи кои ги открила при дополнителна интерна истрага, а биле направени за време на обуката на Лубиц, како и негови медицински документи. Меѓу нив е и копијата од имејлот во кој Лубиц ги информира за својата болест.

Лубиц тренингот во пилотската школа на Луфтханза во Бремен ја продолжил по прекин од половина година, бидејќи лекарите на компанијата оцениле дека е „способен за летање“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1