Какво ќе биде времето оваа недела?


Првото утро од новата работна седмица ни носи умерено облачно време и магловито време. Во североисточните предели постојат услови за локални врнежи од дожд кои ќе се движат кон исток и југоисток од Македонија.vremenska-nedela-640x508

Во Македонија денес во утринските и раните претпладневни часови во североисточните, источните и југоисточните предели ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд кои попладне ќе престанат. Во останатите предели во текот на целиот ден ќе биде умерено облачно време со услови за кратки сончеви периоди. Ќе дува доумерен северен, североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 8 до 14 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 12 односно до 21 степен.

Во Скопје умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди, ветровито и свежо. Ќе дува доумерен слаб североисточен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 18 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА

Во Македонија во вторник преодна стабилизација на времето, се очекува умерено облачно време со повремени сончеви периоди и температура од 11 до 20 степени. Во среда умерено облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд и максимални температури од 10 до 19 степени. Во четврток умерено облачно со сончеви периоди и температури од 13 до 22 степени, додека пак во петок ќе постојат услови за локални врнежи од дожд и максимални температури кои ќе се движат од 14 до 23 степени.

Извор: weather4all.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1