Се омажи сестрата на Кристина Арнаудова: Погледнете каков зет доби пејачката! (ФОТО)


Популарната македонска пејачка сподели неколку фотографии од свадбата на нејзината сестра Харита.Можеби малкумина паметат, но Харита пред неколку години имаше обид да стане пејачка, па откако не постигна успех, се повлече од јавноста. Неколку години немавме слушнато ништо за неа, но затоа сега Кристина не изненади со убава вест.arnaudova-png2_-640x472

Харита блеска во бела венчаница со саканиот до себе, а Кристина сподели неколку фотографии со опис, за да им го посака најубавото на новиот брачен пар – „Харита и Иво, ви ја посакувам целата среќа, секој ден поубав од претходниот, да живеете во слога и љубов и градете ја вашата иднина на цврсти темели. Ве сакаме!“

Од фотографиите се гледа дека парот се возеле со глисер, но и дека имале мала семејна прослава со најблиските.arnaudova-png3_-640x853

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1