Какво обединување на Албанците во Македонија побара Еди Рама?


Рама побара лидерите на албанските партии во Македонија да бидат повклучени во решавање на политичката криза, да не дозволат таа да се претвори во меѓуетничка, ни да дојде до дестабилизација на земјата“, велат дел од нив

Изминатата сабота во крајезерскиот град Подградец во Албанија премиерот на оваа земја Еди Рама, придружуван од претседателот на Парламентот Илир Мета и министерот за надворешни работи Дитмир Бушати, имаше средби и разговори со лидерите на безмалку сите албански политички партии во Македонија

rama(5)

Според „Журнал“, „средбата во Подградец, на која Рама изнел заложба за обединување на албанскиот политички фактор во Македонија, била осудена на неуспех, бидејќи немала агенда и цел, ниту содржина“.

ДВ ги праша партиите од албанскиот етникум во Македонија: за какво „унифицирање на албанскиот политички фактор“ во оваа држава се залагал Рама и што произлегло од неговите контакти со тие партии? Бујар Османи, портпаролот на ДУИ, и Зијадин Села идентично одговараат: „Немаме коментар“. Портпаролот на ДПА Луан Треси вели: „Мендух Тачи имаше договорена и издвоена средба со Рама и Мета во Подрадец, на која тие разговараа за општата политичка ситуација во Македонија. По овие разговори се појавија и Ахмети и другите лидери на албанските партии, за што ние не знаевме дека и тие ќе имаат средба со албанскиот премиер. Во меѓувреме Тачи замина.“ Треси не изнесува никакви политички ставови на неговата партија што заклучиле Тачи и Рама. Треси не потврдува, како што шпекулираат дел од медиумите, дека, наводно, „Тачи ја напуштил средбата незадоволен, бидејќи не сакал да седне на иста маса со претставниците на помалите партии, но оти бил незадоволен и од други причини.”

Еди Рама остана запомнет особено по неговата изјава од 7-ми април годинава дека „Албанија и Косово ќе бидат принудени да се обединат на класичен начин“, откако тој ја критикуваше „политиката на Европската унија кон Косово“. Речиси еден и пол месец по оваа „најава“, Рама сега во Подградец бара „унифицирање на албанскиот политички фактор во Македонија“, случајно или не, среде политичко – безбедносната криза и спроти отпочнувањето на протестите во оваа држава.

Дојче веле

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1