Повисоки сметки за струја во август?


Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат нова цена на струјата, која најверојатно ќе биде и повисока. За колкав процент и дали ќе биде зголемена цената на струјата, треба да одлучи Регулаторната комисија за енергетика до крајот на јуни.

Сите три енергетски компании државните ЕЛЕМ и МЕПСО и приватната ЕВН, до Регулаторната комисија за енергетика ги доставиле своите пресметки за направените трошоци. Дека пресметките се доставени до регулаторите за Фактор потврдуваат од сите три компании. Сега, на потег е Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги разгледа и одлучи, дали и за колку ќе биде корегирана цената на струјата?

smetka radiodifuzija

Иако, од сите три енергетски компании потврдија дека согласно законските правила веќе ги доставиле пресметките за нивните трошоци, никој не сака да каже колкаво зголемување бараат, секој во својот домен.
Иако, според неофицијални информации на Фактор, државните електрани ЕЛЕМ, според трошоците што ги пријавиле барале цената за нивната услуга да биде зголемена за околу 10%.

Сепак, потврда на ваквата инфформација нема. А нема ниту информација што стои во пресметките на останатите две енергетски компании МЕПСО и ЕВН.

Последната промена на цената на струјата беше лани во јули за 3,5%. Новата цена на струјата, според законските правила регулаторите треба да ја утврдат до крајот на јуни годинава, и да важи од први јули.

Од сегашната цена на струјата која 5,59 денари за киловат час – 50% се наменети за ЕЛЕМ, 44% за ЕВН и 6% за МЕПСО.

Фактор.мк

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1