Пет лица каснати од змии завршиле на Инфективна – Еден едвај го спасиле


Петмина граѓани каснати од змии завршиле на Инфективна.Отровот за малку ќе бил фатален за жител од гевгелиско село. Според информациите на zdravstvo24.mk човекот бил во животозагрозувачка состојба. Лекарите едвај го спасиле.

Топлото време ги раздвижи змиите. Не само што ги има во ливадите и шумите, нивното присуство е забележано и во градовите. За да не дојде до сериозни компликации, од министерството за здравство до сите здравствени домови во земјата доставиле серуми против змиски отров.kefaloniski-zmii

-Веднаш при убод од змија лицето да побара помош во најблискиот зравствен дом за да добие серум. Мора да се внимава и затоа сите домови се обезбедени со овој лек, вели Јованка Костовска од Министерство за здравство.

Освен змиите, овој период има наезда и од крлежи. Стотици граѓани изминатиот период побарале лекарска помош поради убод од овие инсекти. Меѓу нив и неколкумесечно бебе на кое крлежот му се закачил на уво. Според информациите од градската хируршка болница Свети Наум Охридски, дневно имаат по 5 до 6 пациенти со ваков проблем.

-Мора да се внимава некој од крлежите да не е инфициран за да не дојде до пренесување на некое заразно заболување. Лајмската болест е најкарактеристична кај нас, но до сега нема регистрирано ниту еден случај, вели Костовска Освен препораките за носење на светла и долга облека при престој во природа, надлежните со укажување и до локалните власти – Редовно косење и исфрлање на тревата.

Zdravstvo24.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1