Поделба во ДУИ – Да се излезе од владата или не


Се продлабочуваат разликите во ДУИ околу тоа дали партијата треба и понатаму да биде дел од владата на Никола Груевски. По тешките обвинувања на социјалните мрежи, Ермира Мехмети за Алсат М рече дека повеќе нема да ја поддржува владата и коалицијата со ВМРО – ДПМНЕ. Таа обвини дека владата ги злоупотребува институциите против Албанците.

ermira-mehmeti

„Оваа влада го нема мојот глас од моментот кога со мамење се обидоа да ни го наметнат предлог – измената на грбот. Тоа беше врв на политичка ароганција. ДУИ е синоним на надежта, борбата за права и достоинство на Албанците. Оваа влада подолго време е синоним на неуспех, нееднаквост и користење на институциите против Албанците. Време е да се вратиме на основните принципи, да го заживееме Охридскиот Договор. Ова го попречува само еден човек. Сега е време да се повлече“, вели Мехмети за Алсат М.

Реакцијата на Ермира Мехмети следува еден ден откако нејзиниот колега од ДУИ, Артан Груби, исто така на Фејсбук, напиша за руското влијание на Балканот, конкретно во Македонија. Прашан дали се препознава себе си во последниот статус на Мехмети, Груби одговори:dui-1

„Личните ставови воопшто не сакам да ги коментирам и тие не се во доменот на мој посебен интерес, а уште помалку ме загрижуваат. Мојот приоритет е одблизу да го следам сериозниот развој на настаните и да се обидам, колку што можам, да придонесам во решавањето согласно заложбите на ДУИ и за доброто на Албанците и на мојата земја, а не уште повеќе да ја влошувам состојбата“, рече Груби за Алсат М.

И друг пратеник на ДУИ, Рамиз Мерко, на повикот на Мехмети за напуштање на владата гледа само како на нејзин личен став. Прашан дали тој е со Европа или Русија, Мерко рече дека останува со народот и партијата.

„Ние сме со Албанците, со гласачите Албанци и секако со ДУИ. За секоја одлука секогаш се консултираме со раководството, со нашиот претседател, со Генералниот совет и со партиските органи. Се друго е личен и индивидуален став“, изјави Рамиз Мерко, ДУИ.

И останатите пратеници на ДУИ велат дека за тоа дали треба да се напушти владата или не, треба да одлучат највисоките партиски органи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1