Во петок и сабота дожд – ЕВЕ КАКВО ЌЕ Е ВРЕМЕТО ДЕНЕС


Денес ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Времето денеска ќе биде стабилно, сончево со мала мала доумерена облачност и повисоки дневни температури во споредба со вчерашните. Можни се врнежи од дожд во крајните западни и крајните источни предели од земјата и тоа на планините.oblaci sonce vreme mk

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 30 Целзиусови степени, во Тетово 29, Гостивар 28, Маврово 22, Дебар 29, Крива Паланка 28, Виница, Штип и Свети Николе 29, Куманово 30, Берово 27, Струмица 30, Дојран 31, Гевгелија 32, Крушево 22, Битола 29, Охрид 27, Прилеп 28…

Во петок под влијание на нов влажен бран, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер.

Ветровито ќе биде и во сабота претпладне кога сè уште локално ќе има повремен дожд со температури од 23 до 29 степени, а во недела повторно сонце со слаби услови за дожд и пониски дневни температури од 22 до 28 степени.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1