Калуѓерка поседува хотели и ресторани – Мајка Текла е најмоќната жена во Рим


majka-tekla-rimnaj-05

Мајка Текла Фамиљето, челната фигура на бригетинскиот ред, води цело едно мало царство од хотели, ресторани и гостински куќи ширум светот, а остави и препознатлива трага во Ватикан и Католичката црква, пишува GlobalPost.

Доколку водството на американските калуѓерки е претходница на прогресивниот дух против Ватикан, Мајка Текла е тогаш атавизам на минатото – ортодоксна предводничка која ги научила правилата на играта и стекнала моќ во семашкиот свет на римската империја.

75- годишната поглаварка на меѓународниот христијански ред и непоколеблив традиционалист е родена во Италија, а преку 30 години ја градела својата база на моќта, со значително финансиско јунаштво.

majka-tekla-rimnaj-01

Таа успеа да оствари долготраен однос со папата Јован Павле Втори и беше во малата избрана група луѓе кои бдееја во станот на папата во Апостолската палата во ноќта кога тој почина.

Нејзиниот однос со папата Бенедикт XVI не беше најтопол и таа беше држена на дистанца од тесниот криг кој Бенедикт го нарекуваше Ла Фамилија, а кој беше централен во неговиот секојдневен живот.

Кога кардиналите почнаа да се собираат во Ватикан за да изберат нов папа, Мајка Текла дошла во Рим. Останува да се види дали нејзините врски со куријата ќе и обезбедат пристап до новиот папа.

Сепак, ретко кој нема да се сложи со тоа дека Текла веќе оставила препознатлиа трага во Ватикан и Црквата.

opatica_420x0

Како главна опатица на Редот посветен на спасиотелката Света Бригет во текот на последните 32 години негувала глобални конекции со сите – од Фидел Кастро до сопственици на коцкарници за да ги помогне целите на својот ред.

Сега управува со мало царство хотели, ресторани и луксузни гостински куќи од Израел до Индија и од Америка до Италија, што му донесе огромни приходи на нејзиниот ред.

Едно време беше во центар на медиумското внимание поради наводното искористување на калуѓерките од нејзиниот ред за чистење и готвење во тоа деловно царство ослободено од данок.

majka-tekla-rimnaj-06

Сепак, нејзиниот ред насекаде добива пофалби поради храбрата и глобална иницијатива против трговијата со жени. Таа е единствениот и комплексен играч во Црвата, а често се нарекува и најмоќната жена во Рим.

„Ние, од милост, често ја нарекуваме женски папа“, изјави Џејмс Николсон, американски амбасадор при Светата Столица за време на претседателотѕ Џорџ Б. Буш, а денеска адвокат во Вашингтон.

Папата Бенедикт XVI ја почитуваше Мајка Текла, но, за разлика од Јован Павле Втори, не ја пушташе во близина на Ла Фамилија, својот тесен круг луѓе на кои се потпираше при извршувањето на неговите секојдневни активности.

Нејзиниот пристап до Бенедикт беше значително поограничен отколку до Јован Павле. Сепак, нејзиното присуство во Рим е долгогодишно и, судејќи по се, такво и ќе остане.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1