СКАНДАЛ: Фудбалерите на Косово позираа со пиштоли на теренот! (ФОТО)


Иако натпреварот помеѓу селекцијата на Косово и селекцијата Хаити помина без голови, сепак истиот го одбележаа низа инциденти. Навивачите го запалија знамето на Република Србија, а за време на натпреварот фановите на домашниот клуб плукаа и го навредуваа српскиот народ и држава. Но тоа не е се.
Фудбалерите на косовската репрезентација позираа со пиштоли пред натпреварот, кој се играше во средата во јужниот дел на Митровица.

23222Неодамна, ФИФА донесе одлука за овозможување на пријателски натпревари на сениорската селекција на ФС Косово, но под одредени услови без истакнување на националните обележја на дресот, стадионот, како и без интонација на националната химна.

Но и покрај условите, натпреварот го одбележаа низа инциденти. Светските медиуми дојдоа до фотографиите на еден албански веб портал од кои јасно се гледа како косовските фудбалери пред натпреварот во средата позираат со пиштоли во рацете.

-Ваквата одлука на ФИФА не е паметна, со оглед на чуствителната политичка ситуација и односите со Белград, пишуваат медиумите.

Фудбалската федерација на Србија побара од ФИФА да се воведе забрана за Косово да ги продолжи натпреварите, при тоа потсетувајќи ги дека и покрај договорените услови, репрезентацијата на Косово на теренот се појави со дресови на кои стои грбот на држава која не е признаена.

Vecer.mk

9346FBE5D1399247908E38DF0B6B3DED

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1