Калуѓерката Мери Ен Рап од Левинстон е обвинета дека во две парохии во кои работела, украла 120.000 долари за да си ги покрие своите коцкарски долгови.
Според „huffingtonpost“ дека недостасуваат пари открил новиот свештеник кој дошол во двете мали цркви St. Mary и St. Mark. Според информациите при редовна финансиска контрола се утврдило дека парите ги нема. Калуѓерката овие пари ги земала во периодот од 2006 до 2010.
Адвокатот на калуѓерката изјави дека таа на суд ќе се изјасни дека не е виновна.
Обвинетата Мери Ен Рап е членка на сестринството на Свети Френсис со седиште во Левинстон. Постојат и докази дека калуѓерката Мери Ен во февруари минатата година прифатила да се лечи од нејзината зависност од коцкарските игри.
Главната сестра Edith Wyss изјавила дека калуѓерката минала 9 ипол месеци во програмата за одвикнување од коцка и кога се вратила во сестринството давала знаци дека успеала да се ослободи од зависноста, но овој криминал е направен претходните години.
Калуѓерката освен што ќе се најде на суд, наиде и на осуда од околу 600 верници кои припаѓаат на овие две цркви и кои со години донирале пари за црквата. Згрозени сме што некои тие пари ги користел за да се коцка, изјвиле жителите.