Ширум Долината на смртта во Калифорнија се наоѓаат големи камења со мистериозни зиг-заг траги зад нив. Овие траги претставуваат доказ дека камењата се движеле, понекогаш и до 250 метри за време на една зима. Постојат повеќе од 150 вакви камења но сепак, никој никогаш не видел како се движат.
Тим научници во 1972. година се одлучи да ја реши мистеријата. Им дале имиња на групата карпи, кои ги истражувале наредните седум години.
Карпа тешка 318 килограми наречена Карен, која за време на истражувањата не се помрднала ниту сантиметар, по седум години потполно исчезнала од своето место кога научниците повторно се вратиле. Карен е пронајдена речиси 800 метри од местото каде што научниците претходно ја набљудувале.
Бројни тимови по ова го проучувале овој феномен и веруваат дека мразот кој се создава за време на зимата и силните ветрови, кои можат да достигнат брзина и до 145 километри на час, можат да бидат одговорни за оваа мистериозна појава.
Факултети