Камерите во болниците ќе ловат гужви и непристојни сестри


Камери на шалтерите во болниците и амбулантите поради незадоволство на пациентите од работата на шалтерските работници. На  150 шалтери во 72 здравствени установи и пред амбулантите ќе бидат поставени камери.

Проектот ќе стартува од 1 февруари донесен бидејќи пациентите се жалат на времето на чекање пред шалтерите и односот на работниците.
– Изминатиот прериод од Министерството беа инсталирани над 1.000 камери во сите јавни здравствени установи. Министерството денеска промовира проект кој се однесува на искористување на овие камери.

Направи анализи и истражувања од страна на реномирана куќа која врски социолошки истражувања. Истражувањата покажаа изразено незадоволство на пациентите поради времето на чекање пред шалтерите, изјави министерот Тодоров.
Во последната анкета на прашањето „Дали за задоволни од времето на чекање“, над 50 проценти дале одговор дека не се задоволни од повеќе клиники и општи болници.

На прашањето „Генерално дали сте задоволни од односот на шалтерските службеници“, „со воопшто незадоволен“ во повеќе клиники одговориле над 30 проценти од граѓаните.

Новина е што Министерството ќе набави еден т.н.крауд менаџмент софтвер кој автоматски ќе препознава секогаш кога пред определен шалтер има определена метеж и за тоа веднаш ќе бидат алармирани лицата кои ќе работат на овој систем по што ќе следи испраќање на СМС порака на директорот на ЈЗУ дека на тој шалтер има метеж.  А од министерството ќе можат да се јават и на посебната телефонска линија и ќе го предупредат работникот дека на шалтерот има турканици, а исто така ќе разговараат и со директорот на ЈЗУ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1