Камиони над 15 тони нема да возат за викенди и во жешки денови – се штеди асфалтот


Според информација од Министерството за транспорт и врски, АМСМ известува дека се воведува времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Македонија, во период од 01.07 до 31.08 секоја тековна година.

kamionceСе забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17 до 22 часот; сабота од 9 до 190 часот и недела од 9 до 22 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11 до 17 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати и превоз на опасни материјали.

За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација (табли).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1