Убиле човек и добиле две години затвор


Една година по смртта на тетовецот Крсте Стерјоски, кој беше претепан до смрт од двајца сограѓани Албанци, неговите роднини и пријатели денеска пред Основниот суд во Тетово, организираа мирен протест. Незадоволни се од донесената судска пресуда, со која напаѓачите добиле премала казна.

sramna-presudaВо Основниот суд во Тетово не сакаа да коментираат. Само приложија информации за пресудата, според која браќата Луис и Фарук Биљаљи, се прогласени за виновни за нанесување тешка телесна повреда со смртни последици и осудени на вкупно четири години затвор.

Инаку, Крсте Стерјоски почина во јули минатата година, откако браќата го пресретнале во близина на неговиот дом и го претепале. Тогаш се шпекулираше дека претепувањето било поради паркинг,  но вистината се уште не се дозна.

 Алфа тв

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1