ФОТО: “Падна“ струшкиот бос Дилавер Бојку Леку – неговиот познат ресторан срамнет со земја


Вчера во Струга, со асистенција на полицијата, се урина објектот „Блу Скај“ сопственост на струшкиот бос Дилавер Бојку Леку, информира порталот А1Он. Ресторанот на Леку во изминатите неколку години целосно узурпираше дел од кејот на реката Црн Дрим.

lekk-4

Дел од сопствениците на угостителски објекти вчера сами почнаа да ги отстрануваат металните конструкции од шеталиштето. Општина Струга писмено ги извести сопствениците на спорните тераси да ги отстранат објектите до 30. јуни.

За оние што не го испочитуваа рокот Локалната самоуправа пристапи кон присилно отстранување со специјализирана компанија, а трошоците ќе бидат на сметка на сопствениците. Најголем дел од објектите, кои го узурпираат кејот на Црн Дрим се монтажни или од метални контрукции.

Според А1Он, струшкиот градоначалник Зијадин Села не сакал да коментира, најавувајќи дека детали за акцијата ќе објави на прес конференција.

ФОТО ВИДЕО : А1Он

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1