Кампот Ливадишта не работи цело лето – на сопствениците на приколки никој не им кажува зошто


Сопствениците на камп приколки во кампот Ливадишта во Струга веќе не знаат на која врата да тропнат за да добијат информација зошто кампот цело лето не работи. Некои од нив се закупци во кампот повеќе од 20 години но досега никој не ги удостоил со информација ниту стариот ниту новиот сопственик на кампот. Еве што велат во писмото кое го испратиле до сите надлежни за кампот.

livadiste kamp„Најубавиот камп на цела Охридска ривиера – Ливадишта- Струга оваа година е затворен за сите посетители. Во кампот има некаде околу 80 приколки кои се на приватни сопственици и истите тие не можат ниту да влезат во кампот ниту пак во своите приколки. Сакам да потсетам дека овој камп во 1979, 1980 е избран за најдобар камп на Југославија, а денес е оставен на забот на времето да пропаѓа??????

КампотЛивадиштесе наоѓа на површина од 55 ха, има плажа со должина 1,5 км, ресторан, голф , фудбалско, кошаркарско игралиште, одбојка на плажа, продавница, бунгалови, сопствени приколки, а се наоѓа на 4 км одалеченост од Струга.

Кампот е даден на концесија на Г-нот Фијат Цаноски во 2010 година, а истиот тој беше крајно незаинтересиран и го остави кампот без струја и вода. Моментално се води спор, а работите во судството ни се многу добро познати. Ако овој спор потрае уште некоја година што ќе се случи со она што сите ние сме го граделе?????? Едноставно времето ќе си го направи своето, а кампот кој беше и се уште е бисер на езерото ќе стане идна руина како што се случи и со хотелот Скопје.

Затоа ја молам редакцијата да направи една малку поопширна статија за кампот Ливадишта низ времето и денес, како и да ја запознае јавноста со она што се случува во нашава Македонија. Едноставно пропаѓаат големи инвестиции

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1