Канаѓанец удрен од гром добил милион на лотарија


Канаѓанец, кој во детството бил удрен од гром, но преживеал, добил милион долари на лотарија.

Питер Меккејти и неговата партнерка во лотаријата Дијана Милер, добиле милион долари на Лотаријата Атлантик, јави CTV News.loto

Тие двајца работат заедно, односно, Меккејти поседува продавница во која се продаваат ливчиња за лотарија, а Милер е вработена таму, па двајцата цела година заедно купувале по едно лото ливче, не надевајќи се на голема добивка.

Токму затоа што ливчето е купено од нивната продавница, ќе добијат дополнителни 10.000 долари.

„Искрено, повеќе очекував гром да ме удри уште еднаш, побрзо отколку да добијам на лотарија“, вели Меккејти.

Кога тој имал 14 години, гром го погодил додека си играл, но преживел.  „Беше многу сончев ден. Имаше само еден голем бел облак, а громот дојде одненадеж, меѓу дрвјата и ме погоди мене“, се присетува Меккејти.

Тој преживеал, а години подоцна и неговата ќерка била удрена од гром. Невремето ја зафатило додека кајакарела и го врзувала својот кајак на брегот.

Да те удри гром во Канада шансите се еден на милион, а да добиеш на лотарија е уште поретко, еден спрема 13.983.816.

Да се преживеат два удари од гром и да се добие на лотарија се случува еднаш на 2,6 трилиони пати.

Меккејти вели дека половината милион што ќе ги добие откако ќе ја поделат наградата со неговата партнерка ќе ги потроши на патување со неговата сопруга.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1