Kанал 5 продадена – нов газда дечкото на Натали, турски милионер ?


Натали Грубовиќ ќе стане газдарица на Канал 5 телевизија, ова го пишува порталот zase.mk, кој тврди дека од свои сигурни извори ја дознал оваа информација.

Турскиот мултимилионер, Сердар Салик од Измир според порталот ја купил скопската телевизија, Канал 5, која сега е во сопственост на семејсто Стојменови.

Оваа информација не би била чудна со оглед на фактот дека Салик е еден од медиумските магнати во Турција и е сопственик на телевизијата SKYTURK.

Според порталот договорот за купопродажба веќе бил дефиниран и утре ќе бил обелоденет во јавноста, а веќе било разговарано и со Советот за радиодифузија.

Инаку утре истекува последниот ден од рокот што, СРД им го даде на медиумите да си ја променат сопственичката структура оние кои имаат функционери во блиското семејство.

ОБНОВЕНО – По објавувањето на оваа информација до редакцијата на MKnews.MK пристигна уште една неофицијална информација. Имено турскиот бизнисмен, сопственик на SKY Turk е во Скопје и купил телевизија, но според оваа шпекулација не станува збор за Канал 5, туку за Наша ТВ. Како и да е наскоро ќе се знае, инвестира ли турскиот медиумскибизнисмен и во македонските медиуми – и која е телевизијата каде ќе ги вложи своите пари.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1