Рикер за Црвенковски: Безмилосен, интригант, љубител на виски -Викиликс


Викиликс, открива уште еднен извештај на тогашниот американски амбасадор Филип Рикер за македонските политичари.

Камелеон, уживател на квалитетно виски, безмилосен политичар склон кон политички интриги, во добри односи со американската амбасада… се само дел од описите што Филип Рикер ги користи, ги објави Викиликс, а пренесе Мкд.мк

По нашишаното, Рикер и Црвенковски имале неколку пати приватни разговори на кој Црвенковски во доверба му ги искажал сомневањата за тоа како се „молзи буџетот за приватни цели“ – преку браќата Мијалкови и преку Ставрески и Чингоски, пишува порталот.

Еве дел од тоа што стои во извештајот на тогашниот амбасадор, а што го пренесе мкд.мк.

Црвенковски е искусен политичар со кој полесно ќе се дојде до решение за проблемот со името, ги слуша советите на САД. Сигурен е и пософистициран од Груевски.

Тој е безмилосен политичар кој не се двоуми да се спротивстави и на позитивните чекори во обид да се освојат поени кај македонската етничка заедница, факт е дека Груевски се плаши од Црвенковски, што пак овој знае добро да го искористи во сопствена корист.

Црвенковски не гледал корист ни од тужбата против Грција пред  Меѓународниот суд на правдата за кршење на Времената спогодба, според мкд.мк тоа стои во извештајот дека лично Црвенковски му го кажал на Рикер, како и дека за Црвенковски, Милошоски е многу побистар политичар од Груевски.

Црвенковски му кажал на Рикер во приватен разговор дека се сомнева дека молзењето на буџетот за приватни цели се изведува преку две струи – братучедите Мијалкови (Сашо, како директор на Државна безбедност во МВР и Владимир, како советник на шефот на царината Ванчо Каргов). А втората струја е преку вицепремиерот Зоран Ставрески и Влатко Чингоски, директор на ЕЛЕМ.

За Црвенковски виновни за губењето на изборите биле тогашните лидери на СДСМ Неговата љубов кон квалитетното виски, кошарката и политичките интриги може да доживеат одредено пореметување, сега кога од претседателска палата се врати во стан од 60 квадрати, пишува Рикер, пренесува мкд.мк

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1