СТАДО ВО ШОПИНГ: Oвци упаднале во продавница за спортска опрема (Фото/Видео)


Претпоставуваме дека една од овците го видела својот одраз во излогот, и влегла во продавница од љубопитност. А овци како овци, тргнале сите до една по неа – рекол еден од работниците.

Веројатно мислеле дека има распродажба – вака коментирале продавачите и купувачите на една продавница за спортска опрема во австриските Алпи, кога во неа изненадно упаднале стотина овци.

Како што пренесува веб-страницата Метро, работниците во продавницата во ски-центарот Св. Антон останале изненадени, кога минатиот викенд овците влегле во нивниот локал, додека туристите ја снимале оваа неочекувана сцена со мобилни телефони.

– Претпоставуваме дека една од овците го здогледале својот одраз во излогот и влегла во продавница од љубопитност. А овци како овци, тргнале сите до една по неа – рекол еден од работниците.
Овците оставиле вистински пустош зад себе.

Продавницата морала темелно да се исчисти, а штетата на робата се проценува на неколку илјади евра.

Моментално се водат преговори околу надомест на штетата помеѓу сопственикот на продавницата и сопственикот на стадото.

Tags: ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1