Градоначалникот на Љубљана пуштен од притвор – трае истрагата (Видео)


Лидерот на словенечката опозиција и градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ е пуштен на слобода, откако утринава беше уапсен и во притвор беше неколку часа.

Јанковиќ беше уапсен заедно со уште 5 лица, меѓу кои и неговите двајца синови.

Полицијата се соменва дека го оштетиле буџетот на Словенија за околу 10 милиони евра.

Јанковиќ по излегувањето од притвор не сакаше да разговара со новинарите – само кусо изјавил дека во полицијата го третирале коректно.

Ослободени од притвор се и неговите двајца синови.

Истрагата сеуште трае, а според информациите инспекторите се соменваат дека градоначалникот го оштетил буџетот при изградбата на спортскиот центар ,,Стожице,, со истрагата се опфатени 9 лица и 14 фирми кои учествувале во изградбата.

Полицијата изврши и детален претрес на домот на градоначалникот како и на неговите канцеларии во општината, поради што вработените неколку часа неможеа да влезат во зградата на општината.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1