Eксперти за генетика тврдат: Босанците и Херцеговците се 25.000 години стари


Истражувањата на регионалниот експертски тим на генетичари покажало дека денешните Босанци и Херцеговци во своите гени имаат запишани информации на луѓе кои на овие простори дошле пред 25.000 години.

Oва го изјавил шефот на Лабораторијата за форензичка генетика на Институтот за генетско инжинерство и биотехнологија во Сараево, проф. др. Дамир Марјановиќ.

– Тие тука го презимиле последното ледено доба, има генетска оставштина од неолитски племиња кои со себе го донеле земјоделието, кое во Европа почнало да се шири од овие простори. И дополнително, тука се претци кои ни дошле од правец од Евроазија – вели Марјановиќ.

Овој познат експерт за генетски инжинеринг потенцира дека популацијата на Балканот, а посебно на Босна и Херцеговина е многу хетерогена. Заедничкото истражување на регионалниот тим на експерти за генетика, докажува дека и генетичарите во БиХ имаат капацитети да реализираат тешки научни студии од област, вели Маријановиќ.

Се укажува на тоа дека овој регион, па со самото тоа БиХ, имаат многу интересна историја. Докажано е дека палеолитскиот човек на овие простори барал спас и прикладно место за живеење од последното ледено доба и дека добар дел од денешното население во БиХ се директни потомци на тие луѓе – вели Марјановиќ.

,, Во науката, барем во таа со која се занимавам, не постојат хрватски, српски или босански гени.

Таква синтагма нема да слушнете да употребува некој кој барем еднаш слушал некое предавање од човечката популациска генетика.

Од друга страна, што се однесува до човечкиот род секој генетичар ќе потврди дека не постојат две популации кои се генетски идентични – истакна Марјановиќ и порача дека основната цел на истражувањето била проверка на постоечките научни модели од областа на генетиката.

– Ни на крај памет не ни беше добиените резултати да ги користиме со цел да поттикнеме расправии или смирување на различни групи на овие или на други простори. Науката нема такви капацитети, а нема ни такви интенции – заклучи тој во разговорот за агенцијата Анадолија.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1