Канал 77: Роби Телекабел е во затвор


Основачот на кабелскиот оператор Телекабел. Роберт Димитров, е во затвор. Од пред десетина дена е на извршување на казна затвор шест месеци за инцидентот, кој го предизвика пред две години со напад врз синот на сопственикот на компнијата Нико Петрол, пренесе Канал 77.

Во друштво на повредениот Николов бил и синот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски Настанот е од 17-ти март 2012 година, кога Димитров го нападна штипјанецот Мишко Николов, син на сопственикот на компанијата „Нико петрол“. Инцидентот се случил во штипски мотел, каде Мишко Николов ја одвел поранешна девојка на Димитров.robert-dimitrov-robi1-540x432

Димитров тогаш заедно со неговиот телохранител влегол во собата за да ја земе девојката, по што настанала расправија и тепачка. Кога Димитров заедно со девојката излегувал од мотелот, патот му го попречил друг пријател на повредениот, кој исто така од осудениот добил силен удар во главата, по што паднал на земја. Со тешки повреди на главата, момчето беше пренесено во штипската болница. Со повреда на носот во болница заврши и Мишко Николов, пишува Канал 77.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1