Кандидатите-Албанци за вработување во болниците бараат тестирање на албански јазик


Минатата недела се реализираше примен испит за вработување на новиот здравствен персонал во повеќе болници во државава. Испитот беше на македонски јазик, а кандидатите-Албанци што аплицирале велат дека им било одземено нивното законско право за двојазичност, пишува а1он.

spitali-i-Kercoves-658x320Тие не сакат нивните имиња да бидат објавени за ова да не влијае во селектирањето при вработувањето, но тврдат дека имале тешкотии во разбирањето на прашалникот.

Во средно училиште, но и за време на студиите ние ја имавме цела литература на албански јазик и затоа не е фер сега да се тестираме на македонски. Имаше термини и изрази што никогаш не сме имале можност да ги слушнеме на македонски и ова ни пречеше при одговорањето. А нашите македонски колеги го немаа овој проблем“, вели С. А., дипломирана медицинска сестра.

Само во Кичево на испитот се пријавиле повеќе од 170 кандидати и околу 25 од нив биле од албанска припадност. Истиот испит се реализиараше и во другите градови низ Македонија и прашалникот бил ист за сите.

А1Он

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1