Канибал фатен како го гризе лицето на жена во хотелска соба


34 годишниот Метју Вилијамс бил само пред две недели пуштен од затвор во Јужен Велс. Глетката што ја затекнало обезбедувањето во хотелската соба била ужасна!

Обезбедувањето на хотелот провалило во собата бидејќи Вилијамс не ја отварал вратата, и она што го виделе било повеќе од ужасно.

Тој го гризел лицето на 22 годишна девојка, половина лице веќе и било изгризано.Screenshot_47

Престрашени, членовите на обезбедувањето повикале полиција, а полицајците го совладале канибалот со струен шок со висока волтажа. Бил уапсен, но подоцна починал од повредите.

И неговата несреќна жртва не успеала да преживее.

Таа истиот ден кога била грозоморно убиена, го запознала својот убиец.

–  Животното ја јадеше девојката до смрт. Ја уби, па затоа полицијата го запре. Обезбедувањето го опоменало дека не смее да внесува девојки во хотелот, тој не им отварал, а кога провалиле и го јадел лицето на девојката – изјави Џил Едвардс од соседството.

Вилијамс кој имал прекар Фифи пред само две недели бил пуштен од затвор каде поминал 5 години за брутален напад на партнерката – пишуваат британските медиуми.

Ова, според Дејли меил,  е неговата жртва, Черис Џем. се запознала со канибалот во бар, неколку часа пред да ја покани на пијалак во својата соба и да ја нападне.

Британските медиуми пишуваат дека Вилијамс бил под дејство на кокаин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1