Капач-херој, кој со двете раце цврсто го држи светиот крст, ќе биде скулптурата посветена на празникот Богојавление – Водици во Охрид.
Спомен обележјето изработено од бронза, високо пет метри ќе го краси градското пристаниште каде илјадниците верници скокаат по светиот крст во езерските води, објави Канал 5.
Скулптурата ќе ја работи познатиот македонски скулптор Анѓел Коруновски, човекот кој ги изработи монументалните споменици Коњаник во Велес, Филип Втори во Битола, Гемиџиите, Основачи на ВМРО во Скопје и други дела.
Спомен-обележјето, кое треба да биде поставено пред летната сезона, е подарок од минатогодишниот кум на Богојавление Ванчо Чифлиганец, а ќе чини 2,5 милиони денари.
Kanal5