Италијанската даночна полиција упадна во канцелариите на „Фејсбук“ во Милано, ќе ги чешла дали плаќа данок на целата заработка во Италија.
Компаниите кои заработуваат на интернет се на удар на полициите низ целиот свет. Истрагата во канцелариите на „Фејсбук“ започнала уште пред еден месец, кога претставници на италијанските даночни служби земале документација од просториите на оваа компанија.
Интернет гигантот „Гугл“ минатата година во Велика Британија заработил четири милијарди долари, а платил данок помал од 10 милиони долари.
МИА