Каракачанов: Ќе се застрелам на плоштад во Софија ако се докаже дека сум зел евро за пасоши


Лидерот на Бугарската партија ВМРО Красимир Каракачанов тврди дека никогаш не зеле пари за издавање на документи за бугарско државјанство, туку секогаш ја бранеле каузата етничките Бугари од Македонија, Молдавија и Украина да добијат државјанство со поедноставена постапка.

-Ова е политички напад. Така реков и пред некој ден. Ако се докаже дека сум зел макар и стотинка, на плоштадот ќе се застрелам со пиштолот што го поседувам законски, изјави Каракачанов за бугарскиот портал „Епицентар“.

Според лидерот на бугарското ВМРО, до криминалот со продавање на документи за државјанство дошло токму поради фактот дека Матева ја комплицирала процедурата за државјанство на етнички Бугари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1