Караван “Зимска новогодишна бајка” во Скопје. Во пресрет на новогодишните празници, во втората половина на месец декември, Државна лотарија на Македонија ќе ја донесе магијата на празничното новогодишно расположение во главниот град.
Скопјани освен што ќе имаат можност на настаните да уживаат со топол пијалок и добра храна, предвидено е оддржување на забавна програма за деца во која најмладите жители на општините во Скопје ќе имаат можност да уживаат во настапот на Детскиот фестивал Поточиња, а истовремено и да проследат театарската претстава на Театарот Чекори, бесплатно да се фотографираат со Дедо Мраз и да се забавуваат со маскотите на омилените ликови од најпопуларните цртани филмови.
Во вториот дел од програмата ќе се оддржи голем музички концерт во кој граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на македонската песна, а за добрата забава ќе се погрижат ДНК, Андријана Јаневска, Лина Пејовска и Огнен Здравковски.
Еднодневните настани ќе започнуваат во 18:00 часот и ќе траат до 23:00 часот, а караванот ќе мине низ општините Центар, Чаир, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Карпош, Аеродром и Гази Баба.
Караванот ќе започне во општина Центар на 17.12.2024 година на скверот Јадран, а ќе заврши во општина Гази Баба на 29.12.2024 година на плоштадот во Автокоманда.