Кардиохиругот Жан Митрев подари четири куќи на oпштина Штип


Kардиохиругот Жан Митрев, кој е роден во Штип, на таа општина и подари четири автентични куќи во штипско Ново село, кои се и дел од културното наследство на градот.stip-zname

Ова денеска го соопшти портпаролот на општина Штип, Драган Ристов, кој рече дека општината ги презема обврските за реконструкција на четирите куќи, со што ќе им се врати автентичниот изглед.

– Ќе се бараат донатори и спонзори, а исто така ќе се поднесе и проект преку ИПА програмата за прекугранична соработка, со што општината ќе може да ги реконструира овие стари куќи со автентична македонска архитектура, посочи Ристов.

Тој истакна дека вредноста на четирите куќи кои кардихиругот Митрев и ги подари на општината е 6 милиони денари или околу 100.000 евра. Договорот за отстапување на сопственоста на четирите куќи во штипско Ново село го потпишаа градоначалникот Илчо Захариев и кардиохирургот Жан Митрев.

filipvtori-final-baner1
baner za web STRUMICA BITOLA

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1