Каролина Гочева донираше 60.000 денари за настраданите семејства од поплавените подрачја, информираат од Аволон Продукција.
-Нема зборови со кои може да се искаже сочувство до семејствата кои изгубија свои блиски во поплавата која му се случи на Скопје. Тоа со ништо не може да се надомести. Сепак, сега е време кога треба да сме единствени и секој треба да помогне колку што може и како што може за да им помогне на настраданите, изјави Гочева.