На дете му е отсечена глава додека се возело на највисокиот тобоган на светот


Десетгодишниот Кејлеб Шваб починал синоќа после несреќата која се случи за време на возењето на највисокиот тобаган на светот „Веракт“ висок 50 метри, кој се наоѓа во водениот парк во Канзас Сити.kejleb

На детето за време на возењето отсечена му е главата. Со Кејлеб во гондолата се наоѓале уште две жени, од кои една се здобила со повреди на лицето. Истрагата треба да покаже дали причина за несреќата се неисправни каиши или нешто друго.

Тобоганот ќе биде затворен за јавност до крај на сезоната. Инаку на него и порано се случувале инциденти, но ниту еден не бил толку драматичен.kejleb2

За да можете да се возите со овој тобоган на стравот, потребно е да сте високи 140 сантиметри и тешки заедно со сите лица во гондолата најмалку 180 килограми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1