Карпа падна и повреди верници во манастир


manastir ostrogonТри жени биле повредени кога паднала голема карпа на платото пред горниот манастир Острога, објавија медиумите во Црна Гора

Директорот на никшичката болница Илија Ашанин ја потврдил информацијата дека трите жени биле примени вчера околу 18 часот со лесни повреди.

По укажаната лекарска помош тие биле пуштени дома.

Карпата, која се распаднала на три дела, паднала пред платото во период кога имало верници. Остатоците од карпата биле отстранети со багер.

Од црквата  издале соопштение во кое се вели дека заедно со алпинистите, редовно се одржува просторот над манастирот, за да се спречат поголеми одрони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1