Општина Карпош, од денеска започнува со вонредна дезинфекција на колективните станбени единици – згради, кои имаат повеќе од осум домаќинства.
Дел од комуналните служби на Општината ќе вршат дезинфекција на влезните врати и влезните делови од зграда, гелендери, сандачиња и лифтови. Дезинфекцијата ќе се изврши со дезинфекциско средство за јавни површини и домаќинства.
Оваа мерка претставува дополнителна поддршка за заедниците на сопственици/куќни совети, имајќи ја предвид кризната состојба со Covid-19 (корона вирус).
Вонредната дезинфекција на станбените единици не подразбира одложување и прекин на другите активности за одржување на хигиената, планирани од станарите. Напротив, истите треба да се спроведуваат тековно, а особено да се интензивирани во овој период на раширеност на коронавирусот.
Ги повикуваме сите граѓани да се придржуаат до препораките за заштита од вирусот, да одржуваат зголемена хигиена во влезовите и заедничките простории од згради.
Сите носиме одоговорност за јавното здравје!