Фидел Кастро ја објави денеска својата прва статија по деветмесечното молчење, во која повикува за воздржаност на Корејскиот Полуостров.
Поранешниот кубански лидер се осврна на тешките последици од евентуалната нуклеарна војна, која може да се прошири од Азија насекаде по светот.
Тој нагласува дека Куба сепак ја поддржува Северна Кореја и оти ќе продолжи да и биде сојузник, но го повика Пјонгјанг да размисли за интересите на своите пријатели.
Кастро истакна дека доколку избувне војна, тога американскиот претседател Барак Обама ќе стане „најзлокобната фигура во историјата на САД“.
Осумдесет и шест годишниот Кастро во својот коментар ја означи како „неверојатна и апсурдна“ ситуацијата на Корејскиот Полуостров.
Според него во моментов постои еден од најсериозните ризици за почеток на нуклеарна војна по Карипската криза во 1962 година.