Кастро до Ким Јонг Ун – Мали не си играј ќе го уништиш светот


kastro namignuva

Фидел Кастро ја објави денеска својата прва статија по деветмесечното молчење, во која повикува за воздржаност на Корејскиот Полуостров.

Поранешниот кубански лидер се осврна на тешките последици од евентуалната нуклеарна војна, која може да се прошири од Азија насекаде по светот.
Тој нагласува дека Куба сепак ја поддржува Северна Кореја и оти ќе продолжи да и биде сојузник, но го повика Пјонгјанг да размисли за интересите на своите пријатели.

severna-koreja-kim-dzong-un-kim-dzong-un-raketa-raketa-unha-1355606924-241863Кастро истакна дека доколку избувне војна, тога американскиот претседател Барак Обама ќе стане „најзлокобната фигура во историјата на САД“.

Осумдесет и шест годишниот Кастро во својот коментар ја означи како „неверојатна и апсурдна“ ситуацијата на Корејскиот Полуостров.
Според него во моментов постои еден од најсериозните ризици за почеток на нуклеарна војна по Карипската криза во 1962 година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1